Повеќе од 400 луѓе загинаа во Иран во израелските напади откако Израел започна голема воена офанзива на 13 јуни, објави портпаролот на иранското Министерство за здравство.
Хосеин Керманпур напиша на платформата „X“ дека во нападите се повредени 3056 лица. Тој додаде дека меѓу загинатите има 54 жени и деца и пет здравствени работници, нагласувајќи дека „повеќето од жртвите и ранетите се цивили“.
Ова е прво официјално ажурирање на бројот на жртви од 15 јуни, кога властите објавија дека 224 лица се убиени, а повеќе од 1.200 се повредени.
Претходно, новинската агенција „Нур“ објави дека најмалку 430 лица се убиени, а 3.500 повредени во Иран од почетокот на конфликтот на 13 јуни, повикувајќи се и на податоци од Министерството за здравство.