Снимена планета одалечена 110 светлосни години од нас

од Milan1
9 прегледи

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за прв пат забележа планета надвор од нашиот Сончев систем, на 110 светлосни години оддалеченост, соопштија научниците.

Веб директно фотографирал млада гасна џиновска планета со големина на Сатурн, која орбитира околу ѕвезда помала од Сонцето, на околу 110 светлосни години од Земјата во соѕвездието Антлија, соопштија истражувачите.

Планетата орбитира околу својата ѕвезда, наречена „TWA 7“, на растојание од околу 52 пати поголемо од орбиталното растојание на Земјата од Сонцето, а за споредба, Нептун орбитира околу 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, објави Ројтерс.

Новооткриената планета и нејзината ѕвезда се екстремно млади стари околу шест милиони години, во споредба со возраста на Сонцето и нашиот Сончев систем од околу 4,5 милијарди години.

Повеќето од приближно 5.900 егзопланети откриени од 1990-тите години се откриени со индиректни методи, како што е набљудување на малото затемнување на светлината на ѕвездата кога планета поминува пред неа, наречен метод на транзит.

Помалку од два проценти од планетите надвор од Сончевиот систем се директно фотографирани, како што направи Веб со новоидентификуваната планета.

Иако оваа планета е голема кога се гледа во контекст на нашиот Сончев систем, таа е всушност најмалку масивната планета откриена досега со директно снимање и 10 пати помала од планетата за која претходно се сметаше дека е најмала.

Слични содржини