10
Вкупно 39 земји погодени од конфликти и нестабилност сè повеќе заостануваат зад остатокот од светот, објави Светската банка денес во нов извештај.
Според податоците, БДП по глава на жител во кревките држави се намалил во просек за 1,8 проценти годишно од 2020 година, додека во другите земји во развој пораснал за 2,9 проценти.
Повеќе од 420 милиони луѓе во овие земји живеат со помалку од три долари дневно, додека бројот на конфликти годишно се зголемил повеќе од трипати во споредба со 2000 година.
Активен конфликт се одвива во 21 од 39 земји, вклучувајќи ги Украина, Судан и Газа, а околу 200 милиони луѓе страдаат од акутен недостиг на храна, се вели во извештајот.