Акциите на „Тесла“ паѓаат по кавгата меѓу Маск и Трамп

од Milan1
24 прегледи

Акциите на производителот на електрични автомобили Тесла паднаа за 7,7 проценти на отворањето на тргувањето на берзата Насдак денес, по новиот конфликт меѓу сопственикот на компанијата, Илон Маск, и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск, повторно го критикуваше предлогот за новиот закон за данок, кој, меѓу другото, предлага укинување на субвенциите за купување електрични автомобили.

Меѓу другото, Маск вети дека ќе основа нова партија во Соединетите Американски Држави доколку документот биде усвоен.

Доналд Трамп рече дека Илон Маск „можеби добива повеќе субвенции од која било личност во историјата“ и се закани дека ќе ја разгледа изводливоста на финансирањето на производството на електрични автомобили во САД.