Одлуката на Пентагон да сопре дел од испораките на оружје на Украина ги изненади дури и оние што се редовно информирани за таквите потези – вклучувајќи ги членовите на Конгресот, функционери во Стејт Департментот и клучните европски сојузници, јавуваат американските медиуми.
Според Ен-Би-Си Њус, меѓу оружјата чија испорака сега прекината, се:
-Десетици проектили за системите Патриот, клучни за одбрана од руските проектили
-Илјадници гранати за хаубици со калибар 155 мм
-Повеќе од 250 системи ГМЛРС (наведувани повеќецевни ракетни системи)
-Десетици проектили Стингер за противвоздушна одбрана
-Десетици авионски ракети АИМ
-Десетици фрлачи на гранати
Според Политико, главниот што ја предводел одлуката за паузата во испораките е Елдриџ Колби, шеф на политичкиот оддел на Пентагон, заедно со неколку сорботници, поради стравот дека залихите од одредени оружја на САД се опасно смалени.
Но тоа предизвикува шок и збунетост кај припадници на Конгресот и кај клучни фактори во државната администрација, кои велат дека веројатно за одлуката не бил информиран ни државниот секретар Марко Рубио.
Според Мајкл МекКол, републикански конгресмен од Тексас, вели дека „во Белата Куќа владее внатрешен раскол“. Неговиот колега Брајан Фицпатрик, републиканец од Пенсивалнија и член на Комисијата за разузнавачки работи во вторникот итно побара итно брифирање од Белата Куќа и Пентагон за паузата во испораката на воената помош што веќе беше одобрена од администрацијата на Бајден.