Во синоќешните израелски напади врз Појасот Газа убиени се 94 Палестинци, од кои 45 лица загинале додека се обидувале да добијат хуманитарна помош, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.
Пет луѓе загинаа пред објект поврзан со Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), додека други 40 загинаа чекајќи помош на други места ширум палестинската енклава.
Десетина луѓе загинаа при нападите од воздух, а 15 се убиени кога беше нападната зоната Мусави, каде засолниште нашле голем број внатрешно раселени Палестинци. Додека во нападите врз едно училиште во градот Газа загинаа 15 лица.
Израелската армија сè уште не ги коментирала нападите.