Убиени 33 Палестинци во најновите израелски напади во Газа

Мета на воздушните напади биле повеќе од 100 цели во Газа, велат извори од болниците.

од desk2
9 прегледи

Во израелските воздушни напади врз појасот Газа во последните 24 часа биле убиени 33 Палестинци, соопштија вработени во локалните болници.

Мета на воздушните напади биле повеќе од 100 цели во Газа, велат тие.

Новите напади се случуваат додека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се подготвува да отпатува во Вашингтон во врска со можен прекин на огнот. Израел исто така најави дека ќе испрати делегација во Катар за преговори за прекин на огнот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, презентираше план за почетно 60-дневно примирје, кое вклучува и ослободување на дел од заложниците што се држани од палестинското движење Хамас во замена за зголемување на доставите на хуманитарна помош во Газа. Предвиденото примирје предвидува и преговор за прекин на 21-месечната војна на Израел и Хамас, која предизвика невидена хуманитарна катастрофа и однесе десетици илјади животи на Палестинци во Газа.

Во најновиот бран воздушни напади, 20 луѓе се убиени и 25 ранети кога мета на израелските напади биле две куќи во Газа. Други 13 Палестинци били убиени при напади во јужниот реион Муваси, каде има голем број раселени лица во шатори, соопштија лекарите од болницата „Насер“ во градот Јун Ханис. Според нив, петмина од загинатите се членови на едно семејство.

Израелските вооружени сили не ги коментираа новите напади, туку само кажаа дека извршиле 130 удари во последните 24 часа „врз командни и контролни структури на Хамас, магацини, оружја и контролни пунктови и дека ликвидирале редица борци на Хамас.

Слични содржини