Нетанјаху: „Големи работи се можни кога Израел и САД ќе се обединат, очекуваме болни потези за нас во преговорите“

од Milan1
14 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на престојот во Вашингтон изјави за медиумите дека американско-израелските односи се на највисоко ниво благодарение на американскиот претседател Доналд Трамп.

Нетанјаху е во САД на повеќедневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп, со кого се сретна вчера, а се очекува втора средба во текот на денот.

На прес-конференцијата, Нетанјаху ја нагласи важноста на американско-израелскиот сојуз, истакнувајќи дека „светот виде дека кога Израел и САД стојат заедно, се случуваат големи работи“.

„И никогаш не било така, никогаш немало таков степен на координација, соработка и доверба меѓу Америка и Израел како што имаме денес. И му оддавам признание на претседателот Трамп за ова извонредно достигнување и мислам дека народот на Израел, ако можам да кажам така, еврејскиот народ го цени тоа“, рече Нетанјаху.

Нетанјаху наведува дека Израел е решен да ги постигне своите воени цели во Појасот Газа, при што главното барање е воен пораз и уништување на Хамас и ослободување на заложниците.

„Потребна е одредена стратегија. Потребни се некои потези кои се многу болни за Израел и некои кои се многу болни за Хамас“, рече Нетанјаху.

Според арапските медиуми, најтешкиот услов што израелската страна ќе мора да го прифати е повлекувањето на трупите од Појасот Газа, што може да се разбере и од изјавата на Бенјамин Нетанјаху.

Слични содржини