5
Дел од нуклеарните залихи од збогатен ураниум на Иран ги преживеале нападите од САД и Израел минатиот месец и можеби им е достапен на нуклеарните инженери на Иран, пишува Њујорк Тајмс повикувајќи се на неименуван висок израелски функционер.
Весникот наведува дека нивниот извор и други државни функционери од Израел не се премногу загрижени поради преостанатиот збогатен ураниум. Тие сметаат дека секој обид на Иран да ги извлече залихите би бил откриен и би имало доволно време за нови напади што ќе го спречат тоа.
Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата администрација тврдеа дека иранската нуклеарна програма е уништена во заедничките напади.