16
Американскиот Стејт департмент ќе отпушти повеќе од 1.300 луѓе во петок, 11 јули, како дел од драматичната реорганизација на агенцијата, според интерен меморандум што го виде „CNN“.
Отпуштањата ќе вклучуваат 1.107 вработени во државната служба и 246 дипломати од странски служби, се вели во меморандумот, објави Си-ЕН-Ен.
Одлуката доаѓа како дел од поширок план на администрацијата на Доналд Трамп за намалување на федералната влада. Стотици канцеларии и оддели ќе бидат елиминирани или реорганизирани како резултат на промените.
„Речиси 3.000 вработени ќе ја напуштат агенцијата како дел од реорганизацијата“, се вели во известувањето. Тој број ги вклучува и оние кои беа отпуштени и оние кои доброволно заминуваат.