Израелските сили употребиле булдожери и тенкови за да уништат гробишта во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти Министерството за задужбини и верски работи во Газа.
Во соопштението се вели дека инцидентот се случил во четврток наутро на турски гробишта во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објави Ал Џезира.
Комисија на американскиот Сенат бара зголемување на трошоците за одбрана за 30 милијарди долари…
Инцидентот се случил додека израелските сили уривале кампови за раселени Палестинци околу гробиштата.
Министерството соопшти дека израелските сили целосно или делумно уништиле околу две третини од 60-те гробишта во Појасот Газа.
Областа Ал-Маваси е густо населена со раселени Палестинци и неодамна беше место на интензивен израелски воен напредок, објави Танјуг.