8
Во најновиот судир што се случува во Сирија, при што се судрија борците на сунитските Бедуини и милиции на Друзите, инаку поддржувани од Израел, загинале најмалку 30 луѓе, објави министерот за внатрешни работи на Сирија.
Борбите почнале вчера во град во јужна Сирија претежно населен со Друзи, наводно откако еден друзитски трговец бил киднапиран на автопатот кон Дамас.
Друзите се припадници на шиитска гранка на Исламот.