ОГРОМНА ТАГА – на 31 години почина познатата актерка

од VIktor_P
1,3K прегледи

Познатата јужнокорејска актерка Канг Сео-ха (Канг Со-ха) почина на 31-годишна возраст по долга и исцрпувачка борба со ракот на желудникот, објавува „The Star“.

Сео-ха почина на 13 јули околу 13:30 часот, а комеморацијата ќе се одржи на 16 јули во капелата на Корејската католичка универзитетска болница во Сеул, додека погребот ќе се изврши на семејната гробница во Хаман, покраината Гјонгнам.

И покрај лошата здравствена состојба, Канг Сео-ха остана професионално активна до самиот крај. Таа ја играше главната улога во филмот „Магнеин“, кој ќе биде објавен постхумно, а точниот датум на премиерата сè уште не е познат.

Канг Сео-ха дипломирала на драмското училиште на Корејскиот национален универзитет за уметности. Првпат го привлече вниманието на јавноста во 2012 година кога се појави во музичкото видео „Getting Farther Away“ од бендот „Brave Guys“.

Поширока популарност стекна со улоги во познати корејски серии како што се „Heart Surgeons“ и „First Love Again“, а глумеше и во проекти како што се „Schoolgirl Detectives“ и „Assembly“.

Публиката и колегите низ Азија се збогуваат со младата ѕвезда, која остави неизбришлив белег со својот талент и сила.

Слични содржини