Девојчиња од Тетово се напиле во 10 наутро па се онесвестиле на базен

од Milan1
59 прегледи

Две малолетни девојчиња од Тетово завршиле во болница откако наводно купиле алкохолни пијалаци од вработена во продавница во градот, па се напиле на базен, соопшти СВР Тетово.

Ова се случило вчера во 10 часот претпладне, а полицијата била известена во 18 часот од Џ.Н. (54) од Тетово, татко на едно од девојчињата. Според пријавата, неговата малолетна ќерка купила две шишиња алкохол од трафика и заедно со нејзините другарки заминале на базен. Таму, по консумирање на пијалакот, двете изгубиле свест и биле итно пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана медицинска помош.

Случајот е пријавен како кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на малолетни лица“ по член 204 од Кривичниот законик. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на инцидентот.

Слични содржини