Три лица се погубени во Иран поради силување

од Milan1
11 прегледи

Три лица се погубени денеска во Иран откако беа осудени за силување, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на иранска новинска агенција.

„Смртните казни на три лица осудени за силување беа извршени утрово во затвор во северниот град Горган“, изјави претставникот на локалната судска власт, Хејдар Асијаби, цитиран од агенцијата.

Убиството и силувањето се казнуваат со смрт во Иран. Според групите за човекови права, вклучувајќи ја и „Амнести интернешнл“, во земјата се извршуваат најголем број егзекуции во светот по Кина.

„Трите лица беа уапсени набрзо откако три жени пријавија силување“, рече Асијаби, без да даде дополнителни детали.

Агенциите наведуваат дека егзекуциите во Иран обично се извршуваат со бесење на изгрејсонце.