Маж се удавил во Охридско езеро

од Milan1
30 прегледи

Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.

– По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Слични содржини