Оваа функција во возилото може да биде многу опасна ако ја користите повеќе од 20 минути.

од Весна Петровска
30 прегледи

Постојат многу предупредувања кога станува збор за користење на климатизација во автомобилите, но ова е меѓу најсериозните – и е поткрепено со научни истражувања.

„Во вашиот автомобил има копче кое може да ве убие за два до три часа ако го активирате“, предупредува д-р Кристабел Акинола во објава на Инстаграм.

Копчето на кое се осврнува е копчето за рециркулација на воздухот. Кога е вклучено, автомобилот го користи истиот воздух од кабината наместо да внесува свеж надворешен воздух во кабината.

Оваа функција му помага на клима уредот побрзо да го лади просторот и може да спречи влегување на издувни гасови. Сепак, ако се остави вклучена предолго, може да биде опасно по живот, пишува Ревијахак.

Во една од своите објави, Акинола ја раскажа приказната за петчленото семејство  кое речиси умрело поради овој проблем.

Се спремале за патувањето се спакувале во автомобилот, но не забележале дека едно од децата си игра со контролите за „клима“ и случајно го притиснало копчето за рециркулација пред да тргнат.

„На патот, таткото забележал дека сите други заспиваат, а набргу потоа и тој ја изгубил свеста. Возилото излетало од патот и паднало во канал. Сè се случило затоа што детето го притиснало тоа копче“, пишува Акинола.

Кога рециркулацијата е активна подолг период, јаглерод диоксидот (CO₂) што го издишуваме почнува да се акумулира во кабината. Нивото на кислород се намалува, се јавува замор, поспаност и намалена способност за реакција.

Колку повеќе луѓе има во возилото, толку е поголем ризикот. Симптомите може да се појават без никакво предупредување.

Студија објавена во списанието „Environmental Science and Pollution Research“ покажа дека рециркулацијата на воздухот не треба да биде вклучена повеќе од 20 минути, особено кога има повеќе патници во автомобилот.

Нивоата на јаглерод диоксид потоа брзо се искачуваат до опасни нивоа.

Многу модерни автомобили имаат автоматизирани системи кои го детектираат квалитетот на воздухот и се регулираат кога рециркулацијата е активна, но сепак треба да бидете внимателни.

Доколку забележите дека прозорците се замаглуваат или одеднаш се чувствувате уморни и поспани без очигледна причина, веднаш проверете кое копче е вклучено – тоа може да направи разлика помеѓу безбедно возење и сериозна несреќа.

Слични содржини