6
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека во текот на оваа недела би можел да разговара со рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, со цел да види дали е можна нивната средба во Истанбул за да разговараат за завршување на војната во Украина.
– Ќе видиме дали можеме да ги собереме овие лидери во Истанбул, ќе се обидеме“, рече Ердоган пред новинарите, пишува Ројтерс.
Претставници на Русија и Украина претходно се состанаа во Истанбул на 23 јули, во третата рунда преговори меѓу двете земји за ставање крај на војната во Украина.