19
Режимот на Владимир Зеленски нема да може да го победи православието, кое има илјадагодишна историја“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Колку и да се обидува режимот на Зеленски да се справи со (верата), да го победи православието, сигурна сум дека со канонското православие, кое има илјадагодишна историја, нема да успее и нема да помине. Да, можно е да се преземе храмот, можно е да се преземе Лаврата, но невозможно е да се преземат душите на верниците, тоа е нешто што тој сигурно нема да може да го направи“, рече Захарова.