Италијанскиот диригент, синот на Софија Лорен, Карло Понти помладиот (56), се ожени со Маријам Шарманашвили, 20 години помлада Грузијка.
Венчавката се одржа во манастирот Самтавро во Мцхета, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Легендарната актерка не присуствуваше на церемонијата, но во интервју за грузиското списание „Амбеби“, Шарманашвили изјави дека ќе присуствува на нивната втора венчавка во Женева, која ќе се одржи во септември годинава.
Фотографиите од церемонијата се шират на социјалните мрежи, а многумина им честитаа за нивното ново поглавје во животот. Тие носеа и традиционални грузиски носии.
Понти помладиот соработуваше со Рускиот национален оркестар од 2000 до 2018 година, а во 2013 година се пресели во Соединетите Американски Држави. Шарманашвили работи како инструктор по зумба.
Тие се запознале преку социјалните мрежи. Тој има две деца со неговата поранешна девојка, унгарската виолинистка Андреа Месарош. И Шарманашвили има две деца од претходниот брак.
View this post on Instagram