Медведев до Трамп: Русија не е Израел, па дури ни Иран, секој нов ултиматум е чекор кон војна

од Milan1
38 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денес дека обидот на американски претседател Доналд Трамп да постави ултиматум до Русија претставува закана што може да доведе не до ескалација на конфликтот со Украина, туку до директен конфликт со САД.

„Трамп си игра со ултиматуми со Русија: 50 дена или 10. Треба да запомни две работи: Русија не е Израел, па дури ни Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не одете по патот на Поспаниот Џо!“, објави Медведев на платформата X, коментирајќи ја најавата на американскиот лидер за скратување на рокот од 50 дена што претходно го постави за постигнување примирје меѓу Москва и Киев.