Чешката манекенка Паулина Поризкова, која важи за една од најпознатите модели на 80-тите, гордо покажа како изгледа на 60-годишна возраст без филтри и истакна дека убавината е токму во стареењето.
„Ова сум јас. На одмор, под добро светло, позирам за фотографија“, напиша таа. Исто така, објави фотографија на која позира во својата бања.
View this post on Instagram
„Ова сум исто така јас, под лошо светло, не позирам. Ова е шеесетата. Ова се шеесет години понекогаш здрава исхрана, а понекогаш не. Шеесет години повремено вежбање. Шеесет години правење правилни работи, а потоа погрешни работи и тоа повторно и повторно“, напиша таа.
Додаде дека ова се шеесет години учење што функционира, а што не.
„Токму кога помислувам дека сум сфатила, сè се менува и морам да почнам од почеток. Убавината на шеесеттите е во тоа што сега сфаќам дека важноста е во учењето на лекцијата, а не во полагањето испит“, напиша таа.
Поризкова е родена во 1965 година во тогашна Чехословачка. Со семејството се преселила во Шведска во 1968 година. Таму станува актерка и модел со светски позната кариера.
Работела кампањи за брендови како Chanel, Versace, Hermes, Christian Dior, Oscar De La Renta, Mikimoto, Perry Ellis, Laura Biagiotti, Anne Klein,