📽Водата „проголтува“ сè пред себе – Страшно цунами ја зафати Русија

од Весна Петровска
53 прегледи

Првиот бран на цунами ја погоди крајбрежната зона на Русија, откако во текот на ноќта полуостровот Камчатка беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 8,7 степени според Рихтеровата скала.

Во објава на Валериј Лимаренко се наведува дека првиот бран на цунами удрил во крајбрежната зона на Северо-Курилск.

„Жителите на населеното место се наоѓаат на безбедни возвишенија и ќе останат таму сè додека целосно не биде укината заканата од нови бранови“, се вели во објавата на гувернерот.

Според податоците на Министерството за вонредни состојби на Русија, поради невремето биле поплавени самиот град и фабриката за преработка на риба „Алаид“.

На социјалните мрежи кружи снимка на која се гледа како водата „проголтува“ сè пред себе и навлегува во крајбрежните објекти.

Да потсетиме, предупредување за цунами беше издадено и за САД, Јапонија, Филипините и Индонезија.