Карпа се одронила на автомобил во БиХ – загинал совозачот

од desk2
17 прегледи Фотографија: clix.ba

Во одронување карпа утрово близу Фоча, БиХ, едно лице го загубило животот.

Имено, Полициската управа Фоча утрово во 9:15 часот добила повик за несреќа кај местото Сијерачке Стијене, Миљевина, кога на автомобил „опел“ паднала одронета карпа, при што совозачот го загубил животот, а возачот бил повреден.