Млад жител на кичевско сакал да влезе во Македонија со украдено бмв

од Milan1
12 прегледи

„На 29.07.2025 во 19:45 на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.И.(20) од с.Туин, кичевско, затоа што при гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со швајцарски регистарски ознаки, кое го управувал, евидирало во базата на Интерпол како украдено“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.