Во местото Јелса на хрватскиот град Хвар, полицијата вчера уапсила 53-годишен пејач на народна музика од Славонија, кој неодамна се доселил на островот, јавија хрватските медиуми.
Врз основа на судска наредба, биле претресени куќата и возилото што го користел 53-годишниот маж, а полицајците нашле 117 грама кокаин, мала количина хашиш, вага со траги од дрога, но и модифициран револвер и 14 куршуми. Мажот е осомничен за две кривични дела – неовластено производство и трговија со дрога и нелегално поседување оружје и е предаден во притвор.
Како што дознава „Јутарњи лист“, полицајци во цивил, за време на неколкунеделна оперативна работа на терен, оправдано се сомневале дека новодојдениот жител на островот, славонскиот изведувач на народна музика Стипе М. (53) познат како Маки, се занимавал со трговија со дрога, поточно со кокаин.
Тој тргувал со дрогата од неговата новокупена куќа во Јелса. При апсењето, полицајците пронашле и заплениле револвер со куршум во цевката, кој го носел на појасот.