Зеленски: Украина ја поддржува заедничката декларација на европските лидери за мир

„Крајот на војната мора да биде праведен и им сум благодарен на сите што денес стојат покрај Украина и нашиот народ во име на мирот во Украина, што ги бранат виталните безбедносни интереси на нашите европски нации“, напиша Зеленски на платформата X.

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Киев ја цени и целосно ја поддржува заедничката изјава на европските лидери за постигнување мир во Украина, додека, како што изјави, интересите на Украина и Европа мора да бидат заштитени.

„Крајот на војната мора да биде праведен и им сум благодарен на сите што денес стојат покрај Украина и нашиот народ во име на мирот во Украина, што ги бранат виталните безбедносни интереси на нашите европски нации“, напиша Зеленски на платформата X.

Тој изјави дека Украина ја поддржува изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскaтa премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерите на Полска и Велика Британија Доналд Туск и Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Финска, Александар Стуб.