Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека извештаите за насилство за време на синоќешните протести во Србија се длабоко загрижувачки.
„Извештаите за насилство за време на неодамнешните протести во Србија се длабоко загрижувачки. Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови, а новинарите да известуваат без заплашување или напад“, напиша Кос на мрежата X.
Протестите во неколку градови во Србија резултираа со физичко насилство и немири, а во Нови Сад беа запалени канцелариите на партијата СНС.