Загрепската берза и седум други од Централна и Источна Европа треба да се спојат во една регионална берза. Во исто време, Фина изрази интерес за купување на Загрепската берза.
Доколку добие одобрение од регулаторната агенција, на овој начин клучните институции на пазарот на капитал би биле посилно поврзани.
Не е познато дали седиштето на Загрепската берза ќе биде и седиште на новата регионална берза.
Имено, финансискиот пазар на Хрватска треба да се обедини со оние на седум други земји: Словенија, Унгарија, Словачка, Полска, Романија, Бугарија и Македонија, пишува „Бизнис инфо“.