Вчера попладне на планината Плачковица се судриле два камиона. Несреќата се случила на патот од планината кон Радовиш, на местото близу манастирот „Света Троица“.
Околу 14 часот се судриле камион „мерцедес“ со штипски таблички управувано од С.З.(26) од с.Долно Липовиќ, радовишко и камион „мерцедес“ со штипски таблички управувано од Ј.Г.(63) од Радовиш.
Во несреќата тешки телесни повреди задобил сопатникот од првото возило Г.К.(43) од радовишкото село Дедино, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.