Во насока на подобрување на условите за живот и унапредување на јавниот простор, Општина Центар постави 100 нови урбани клупи и 100 нови канти за отпад на повеќе локации низ општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека новите канти се дел од напорите за создавање почиста и поеколошка средина, со што се поттикнува совесно фрлање отпад и одржување на јавниот ред и хигиена. Ново поставените клупи од друга страна пак имаат придонес кон поквалитетно урбано живеење, овозможувајќи пријатен и функционален простор за одмор, дружење и секојдневно користење од страна на граѓаните.
„Ова не е само инвестиција во инфраструктура, туку и поттик за сите нас, да се грижиме за заедничкиот простор и да го чуваме она што ни припаѓа на сите, Општината сме сите ние. Поставувањето на новата опрема е дел од пошироката стратегија на Општината за унапредување на јавната и комуналната инфраструктура. Упатувам јавен апел за совесно и одговорно користење на урбаната опрема, особено од страна на младите, кои се најчести корисници на овие простори”, вели Герасимовски.