Компанијата „Макпетрол“ А.Д. – Скопје ќе започне со исплата на дивиденда на своите акционери на 26 август 2025 година, во вкупен бруто-износ од 424.804.800 денари, односно 4.200 денари по акција, информираат од компанијата преку официјално соопштение објавено на Македонската берза.
“Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
„Макпетрол” А.Д. – Скопје, согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2024 година (Дивиденден календар) број 0201-31/2-3 од 20.5.2025 година, донесена на XXIX-тото годишно Собрание на акционери, објавува дека на ден 26.08.2025 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ од 424.804.800 денари, односно во бруто-износ од 4.200 денари по акција“,