НЛБ Банка Скопје доби субординиран заем од 10 милиони евра од матичната банка во Љубљана

Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана поседува 86,97% од акциите на НЛБ Банка АД Скопје, што ја прави најголем поединечен акционер со значително влијание врз управувањето и стратешкото насочување на банката.

од Vladimir Zorba
14 прегледи

НЛБ Банка АД Скопје склучи нов договор за субординиран заем во висина од 10 милиони евра со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана, која е нејзин доминантен акционер. Согласно објавената ценовно чувствителна информација на Македонската берза, инструментот се квалификува како дополнителен капитал (Tier II capital), пишува „Бизнис инфо“.

Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана поседува 86,97% од акциите на НЛБ Банка АД Скопје, што ја прави најголем поединечен акционер со значително влијание врз управувањето и стратешкото насочување на банката.

Слични содржини