Вчера претпладне, по судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, извршиле претрес во домот на Т.Ј.(84) од Велес.
При претресот, биле пронајдени и одземени ловен карабин „маусер“, ловна пушка „бајкал ИЖ 12“, 12 патрони за ловна пушка и 11 куршуми за ловен карабин, а во просториите каде престојувал неговиот син З.Ј.(52) била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по документирање на настанот против Т.Ј. и З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.