Утре е важен ден: Славиме светец заштитник на здравјето на децата, еве што треба да направите

од VIktor_P
1,8K прегледи

Свети Виктор

Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше ставен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст.

Те удостои Спасителот, крсна смрт маченичка да вкусиш, о Викторе свети, заради името Негово Богочовечко, и награден беше со венец на слава небесна заради трпението во маките. Денес измоли од Господ благодат света спасоносна за душите наши.

Свети Виктор останал во сеќавање како воин што ја одбра верата пред животот. Тој е пример дека ништо не е посилно од решеноста на срцето што верува.

Луѓето му се молат за храброст во искушенија, за здравје на децата бидејќи се верува дека неговата заштита и молитви ја чуваат младата и невина душа од болести и несреќи, и воопшто – за заштита од несреќи и за сила да се издржат страдањата.

Верниците го сметаат за застапник кој им помага да ја пронајдат духовната сила. Неговата жртва и непоколебливата вера инспирираат на смелост, трпеливост и милосрдна љубов.

На денот на свети Виктор, 5 септември, верниците палат свеќи и читаат молитви за заштита и духовна сила. Добро е да се посети храм, да се прочита житието на светецот, а најважно е да се направи дело на милосрдие. Помагајќи на ближниот и поддржувајќи ги децата, болните и послабите, се продолжува духот на неговото жртвување, односно верата станува живо дело.