ФИЛМСКИОТ СВЕТ ТАГУВА Почина легендарниот актер

од VIktor_P
753 прегледи

Поранешниот сопруг на една од најубавите жени на светот, Брижит Бардо, Жак Шариер почина на 88-годишна возраст.

Се оженил со Брижит Бардо во 1959 година, а се развел 3 години подоцна.

Од бракот добија син, Никола-Жак Шариер.

Во 1964 година, Жак се оженил со Франсес Луј-Драјфус, од семејството Луј-Драјфус, со која имал две ќерки, Софи и Мари, пред да се разведат во 1967 година.

Во 1980 година, се вратил на Академијата за уметности и повторно почнал да слика, со дела полни со референци за неговите две страсти – патување и антика. Неговите уметнички дела редовно се изложуваат во Париз, Женева и Сан Франциско. Со објавувањето на мемоарите на Брижит Бардо, тој повторно се нашол во центарот на вниманието на медиумите. Тој тужел за „нарушување на приватноста“ и го добил спорот.

Во 1982 година, ја запознал својата трета сопруга, Линда, со која имал една ќерка, Розали. Од 2009 година до неговата смрт, бил во брак со јапонската уметница Макико Кумано. Од 1997 година живеел во Париз.

Слични содржини