Албанија е од клучно значење за секоја идна операција на источниот дел на НАТО. Ова го изјави вршителот на должноста амбасадор во американската амбасада во Тирана, Ненси Ванхорн, цитирана од албанското онлајн издание „Панорама“.
Нејзината изјава беше дадена за време на посетата на американскиот команден брод USS Mount Whitney на пристаништето во Драч.
„Албанија е веќе витален капитал за НАТО поради својата стратешка локација. Но, со зајакнување на Порто Романо (Драч) и поврзување со патната и железничката мрежа, земјата ќе стане клучна рута за идните операции на источниот дел на Алијансата“, нагласи Ванхорн.
Потсетуваме дека Драч е клучен за Паневропскиот Коридор 8, кој треба да го поврзе Јадранското Море со Црното Море преку Италија, Албанија, Македонија и бугарските пристаништа. Тоа е дел од Воената мобилност на НАТО.
Американскиот дипломат нагласи дека САД ја поддржуваат изградбата на поморска база со капацитет за бродови за длабоко море во Порто Романо – проект што ќе ги зајакне одбранбените способности на земјата и ќе ја потврди нејзината улога како сигурен сојузник на НАТО.
Ванхорн, исто така, истакна дека развојот на пристаништето не само што ќе ја подобри безбедноста во регионот, туку ќе донесе и економски придобивки преку зголемена трговија и нови инфраструктурни проекти.