Андоновски очекува наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци

Тој напомена дека Македонија е многу напред во однос на исполнувањето на условите.

од Бисера Трајковска
21 прегледи

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција, најави дека на претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)“ што ќе се одржува  на 1 и 2 октомври во Скопје е предвидено земјите од Западен Балкан да усвојат заедничка изјава со повик кон ЕУ да се забрза процесот „роаминг како дома“ и нула трошоци за интернет за нашите граѓани во ЕУ.

-Унијата пред еден месец излезе со патоказ што треба да го исполниме како држави за да пристапиме кон оваа зона, но потребна е активност и од нејзина страна. Ние нашите обврски ќе ги завршиме до декември 2025-та и очекувам наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани, рече Андоновски.

Тој напомена дека Македонија е многу напред во однос на исполнувањето на условите.

Напомена дека главна беше измената на Законот за електронски комуникации за исполнување на клучните регулативи и директиви на ЕУ што ние веќе го направивме летово. Остануваат, како што рече, уште неколу подзаконски акти што треба да ги завршиме до крајот на годинава и со тоа ќе ги исполниме условите.

-Во напредна фаза сме, го изработивме нашиот Акциски план и мислам дека ќе бидеме први од регионот. Во принцип, секоја држава од Западен Балкан одговара за себе, рече Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања.