ФЗО ќе создава поволни услови за зголемување на бројот на лекари во руралните средини, вели Клековски

Клековски информираше дека во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52.

од Бисера Трајковска
24 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Директорот на Фондот за здравствeно осигурување, Сашо Клековски денеска на прес-конференција најави дека Фондот почнува со активности за измена на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита. Целта е, како што посочи, создавање услови за отворање и функционирање на ординации во руралните средини.

Клековски порача дека е потребно да се поттикнат докторите да работат во руралните подрачја, за да се обезбеди поквалитетна и подостапна здравствена заштита за жителите.

Тој информираше дека во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52.

-Фондот има намера да спроведе измени на Правилникот, за да се овозможи дополнителна либерализација на критериумите, отстранување на постојните пречки и олеснување на отворањето на нови ординации во руралните средини, каде што се најпотребни. рече Клековски.

Како што посочи, Фондот ги повикува матичните лекари кои веќе работат во руралните средини, докторите заинтересирани да бидат во рурални средини, но ограничени од моменталните услови во Правилникот и жителите на руралните подрачја, да ги достават своите мислења, предлози и сугестии за измените на Правилникот.

Фото: Локално

-Предлози може да се испратат до 1 ноември 2025 година на е-пошта: [email protected]. Сите пристигнати предлози ќе бидат внимателно разгледани од посебна комисија задолжена за подготовка на измените. Доколку се во согласност со законската регулатива, предлозите ќе бидат вградени во новиот Правилник или ќе послужат како основа на измени на законската регулатива, рече Клековски.

Тој додаде дека е зголемен надоместакот за руралните лекари и е овозможено функционирање на ординациите со нецелосен тим, а капитацијата на матичните лекари е зголеена за 33 проценти.

Б.Т.