Руски милијардер уапсен за убиство

Во 2024 година, Ибрахим Сулејманов и неговиот брат Расул биле сопственици на голема ИТ компанија „Сирена-травел“, која се занимава со технологии за туристички услуги.

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Принтскрин

Руските безбедносни служби го уапсија милијардерот Ибрахим Сулејманов во Москва под сомнение за убиство. Според информациите доставени до руската новинска агенција ТАСС од извори од органите за спроведување на законот, убиството е извршено „во претходните години“.

Сулејманов е уапсен во заедничка операција на Министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност (ФСБ). Кривичниот случај го води Централниот истражен комитет.

„Ибрахим Сулејманов е уапсен во Москва. Тој е осомничен за кривично дело според член 105 од Кривичниот законик на Руската Федерација (убиство)“, изјави извор за ТАСС.

Кој е Ибрахим Сулејманов?

Во 2024 година, Ибрахим Сулејманов и неговиот брат Расул биле сопственици на голема ИТ компанија „Сирена-травел“, која се занимава со технологии за туристички услуги.

Деталите за самото убиство, како и времето кога наводно е извршено, сè уште не се познати на јавноста.