Мерц: Се формираат нови сојузи на автократии, кои ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот

Мерц денес во говорот по повод 35-годишнината од Денот на единството предупреди дека Германија и Европа мора посилно да го поттикнат економскиот раст за да останат привлечни во свет во кој сè повеќе доминираат автократски режими.

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЗДФ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес во говорот по повод 35-годишнината од Денот на единството предупреди дека Германија и Европа мора посилно да го поттикнат економскиот раст за да останат привлечни во свет во кој сè повеќе доминираат автократски режими.

Мерц рече дека граѓаните, а не само политичарите, треба да се справат со структурните проблеми со кои се соочува Германија, објави Ројтерс.

„Против нас се формираат нови сојузи на автократии, кои ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот“, им рече тој на францускиот претседател Емануел Макрон и на толпата на церемонијата во Сарбрикен, на границата со Франција.