Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми од сегашните 67 на 70 години, изјави лидерот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан.
Во гостувањето во емисијата „Мајсбергер“ на јавниот радиодифузен сервис АРД, Шпан рече дека сегашната возраст за пензионирање од 67 години ќе биде целосно имплементирана до 2030/31 година, но дека нема да застане тука, бидејќи, како што изјави, работниот век мора да се продолжи и со подолгиот животен век на населението.
„Ако сакаме да го задржиме обемот на социјалните бенефиции без да им ставиме преголем товар на идните генерации, ќе мора да работиме подолго“, додаде тој.