Иницијативата „Сите за Палестина” организира протестен марш со цел изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе се одржи денеска, 18 октомври 2025 година, со почеток во 12:00 часот, пред споменикот „Симфонија на мирот” на плоштадот Слобода.
Маршот ќе продолжи по централното градско подрачје и ќе заврши пред зградата на Владата на Република Северна Македонија.
Настанот е дел од глобалното движење на солидарност со Палестина, кое сега го насочува вниманието кон итната потреба од непречен пристап на хуманитарна помош за Газа, како и кон праведна реконструкција под водство на палестинскиот народ. Организаторите нагласуваат дека задржувањето или условувањето на хуманитарната помош претставува прекршување на меѓународното право и дека владите и меѓународните институции мора да обезбедат надзор и одговорност за секоја обструкција на помошта.
Протестот има за цел да потсети дека мир без слобода не постои, и дека правдата за Палестина е предуслов за праведен свет.