Романија сака да врати 90 тони злато што ѝ ги дала на Русија на чување пред 100 години

Вредноста на 90 тони злато денес е 8 милијарди евра, објави веб-страницата Digi24.ro.

од Vladimir Zorba
23 прегледи Фото: Јутнуб/Принтскрин

Советникот на гувернерот на Народната банка на Романија, Кристијан Паунеску, го покрена прашањето за враќање на романското злато, кое ѝ било дадено на Русија на чување пред речиси 100 години, додавајќи дека тоа е морална обврска на Романците, објавија денес медиумите во земјата.

Вредноста на 90 тони злато денес е 8 милијарди евра, објави веб-страницата Digi24.ro.

Се наведува дека се испробани сите средства за преговори, но поранешниот Советски Сојуз, а подоцна и Русија, го игнорирале овој долг.