Само за една ноќ: Повеќе од 11 земјотреси ја погодија Албанија

Најсилниот беше со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Во Албанија се регистрирани над 11 земјотреси, а најсилниот потрес бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, според извештајот ​​на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил 77 км јужно од Елбасан, 16 км југозападно од Чороводе, на длабочина од само 2 км. Земјотресот бил регистриран во 00:59 часот по локално време.

По него следеле 10 потреси со јачина од 3,9 до 2,0 степени според Рихтеровата скала, а последниот бил со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, регистриран во 07:08 часот по локално време.