Постојат повеќе феномени на овие локални избори, а една од нив е и слабата излезност, посебно кај етничките Македонци, вели за „Локално“ претседателот на СДА Мекедонија, Џелал Хоџиќ.
Тој додава дека изборите се случуваат во чуден општествен контекст, во контекст каде што и се одзема на Македонија патот кон ЕУ и европската иднина.
-Овие избори се навистина чудни и се случуваат во чуден општествен контекст, во контекст каде што и се одзема на Македонија патот кон ЕУ и европската иднина. Очигледно дека коалицијатата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ функционира и очигледно дека за сега дава резултати, додаде Хоџиќ.
Појасни дека не би било чудно гласачи на ВЛЕН во Кичево да гласаат за својот коалициски партнер од ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека е запрепастувачко што во оваа година дена, реториката на ВЛЕН е комплетно излезена од приказната за европска иднина на државата.
Б.Т.