Новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево Иван Гоцевски и членовите на новиот Совет на Општината денеска ги добија уверенијата од страна на заменик претседателката на Општинската изборна комисија, Тања Стојковска.
Стојковска им посака успешна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Делчево.
Новиот состав на Советот на Општина Делчево, го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ со освоени десет советнички мандати, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со освоени три и Левица и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со по еден советнички мандат.
Со денешното врачување на уверенијата почнува подготовката за конститутивната седница на Советот.
Потоа, ќе следува и официјалното стапување на функција на новиот градоначалник Иван Гоцевски.