СДСМ во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во вториот круг

-Мултиетничкиот карактер и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет, додаде Филипче.

од Бисера Трајковска
14 прегледи Фото: Принтскрин

Партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг од локалните избори, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Како што рече, заклучок ќе донесе најдоцна до среда.

Тој напомена дека одлуката ќе се темели на локалните околности, анализите на општинските организации и расположението на членството.

-Мултиетничкиот карактер и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет, додаде Филипче.

Нагласи дека поддршката нема да се заснова на етничка припадност, туку на политички ставови и вредности.