Белорусија го замени нуклеарното оружје распоредено на своја територија и ги испорача најновите компоненти од Русија, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Го заменивме нашето нуклеарно оружје, знаете, уште еднаш. Го однесовме во Русија и ги донесовме најновите компоненти. Тоа е средено. Одржувањето е скапа работа. Русите помагаат. Ние го вративме. Вежбаме како да го користиме. И од авионско и од ракетно оружје. И тоа не го криеме“, рече Лукашенко.
Според него, и други се вооружуваат, издвојувајќи шест проценти од БДП, што е милијарди долари.