Повеќе од 11.000 луѓе останаа без електрична енергија во регионот Запорожје по нападот на руските сили врз областа синоќа, објави денес началникот на регионалната воена администрација, Иван Федоров.
„По вечерашниот напад, 11.434 претплатници останаа без електрична енергија. Вработените во енергетските услуги продолжуваат да ги елиминираат последиците од непријателскиот напад“, објави Федоров на социјалната мрежа Телеграм.
Тој рече дека 17 приватни куќи се оштетени како резултат на нападот.